За курсот

Радикализацијата, која може да доведе до екстремизам, насилен екстремизам или до тероризам, ја преплави политичката агенда во Европа во последните неколку години. Таа, исто така, е вклучена во агендата на земјите од Западен Балкан и нивните власти, кои инвестираат во градење капацитети и полициски реформи, како дел од исполнувањето на претпристапните услови на ЕУ и другите меѓународни обврски.

Овој курс за е-учење беше подготвен со цел да им помогне на креаторите на политики и практичарите со што е можно повеќе информации за современите феномени на радикализација, кои можат да доведат до насилен екстремизам или тероризам, со посебен акцент на регионот на Западен Балкан. Не пропишува одредено решение. Се обидува да понуди корисен преглед на добрите пракси и елементи што може да се покажат како ефективни во натамошните напори на властите од Западен Балкан.

Курсот е дел од Иницијатива за борба против тероризам во Западен Балкан, регионален напор во Западен Балкан, финансиски поддржан од мултидржавната акција IPAII2016 на ЕУ „Поддршка за спречување и борба против насилен екстремизам во Западен Балкан“.

Целна група

Овој курс е наменет за секој што е заинтересиран да ги збогати своите знаења за прашањата поврзани со процесот на радикализација, насилниот екстремизам или тероризам, како и за алатките за правилно ангажирање и одговор на предизвиците на P-CVE.

Додека курсот е отворен за сите заинтересирани за темата, следниве групи професионалци ќе имаат најголема корист од него и ќе можат практично да ги применат знаењата во нивната секојдневна работа и животи:

  • Практичарите „од прва линија“ – оние кои први ќе се соочат со процесот на радикализација: наставници, полицајци, медиумски работници, лекари, затворски службеници, религиозни службеници итн.
  • Политички професионалци што се занимаваат со политичката, безбедносната или социјалната сфера на животот.

Структура на курсот

Курсот нуди 4 модули и се заснова на оперативно искуство. Секој модул нуди специфични информации за одреден аспект поврзан со P-CVE:

  • Модул 1 обезбедува разбирање на основните концепти и дефиниции поврзани со P-CVE;
  • Модул 2 дава преглед на стратешката рамка;
  • Модул 3 го воведува концептот на пристап на „целото општество“ кон P-CVE и ги прецизира алатките што се достапни за справување со феноменот на радикализација на државно и локално ниво;
  • Модул 4 нуди специфични информации за секој од практичарите од прва линија и засегнатите страни за препознавање и правилно справување со процесот на радикализација.

Покрај 4-те модули, може да прегледате некои од практичните примери, кои ќе ви овозможат дополнителни, практични примери на P-CVE.

Исто така, може да добиете сертификација по завршување на курсот за е-учење со полагање и успешно решавање на тест.

Содржина на модулите

  1. КОНЦЕПТИ И ДЕФИНИЦИИ
    • Извори, дефиниции и предизвици на радикализација
    • Онлајн-радикализација
    • Ранливи групи
    • Странски терористички борци
    • Дерадикализација
  2. СТРАТЕШКА РАМКА
  3. ПРИСТАП НА „ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО“
    • Што претставува пристап на „целото општество“?
    • Алатки на државно ниво
    • Алатки на локално ниво
  4. ЗА ПРАКТИЧАРИ ОД ПРВА ЛИНИЈА, ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ВО P-CVE
    • Затвор и условна казна
    • Жртви
    • Здравствена и социјална заштита
    • Вести и социјални медиуми
    • Младина
    • Образование
    • Верски заедници
    • Полиција
  5. ТЕСТ

Соработници

Курсот беше создаден преку тесна соработка со земјите од Западен Балкан, како и со меѓународната заедница со цел да се подигне свеста и да се подобри разбирањето на актерите, практичарите и граѓаните од Западен Балкан во општеството за прашања поврзани со P-CVE.

Алберт Чернигој, словенечка полиција Д-р Петер Дебељак, Владина канцеларија за поддршка и интеграција на мигрантите, Република Словенија Бисерка Симчич, Министерство за здравство, Република Словенија Д-р Антон Стрес, Архиепископ Емерит во Љубљана (рет.)
Д-р Бранко Лобникар, Факултет за безбедносни науки, Универзитет во Марибор Зоран Миличковиќ, црногорска полиција Марио Јанечек, Минстерство за безбедност, БиХ Самир Ризво, Министерство за безбедност, БиХ Иван Калабуиг, Здружение Арте Контра ла Виоленциа, Шпанија Јелка Клеменц, Група за поддршка на IISG Рок Деренчин, DCAF Љубљана Невенка Томович, DCAF Љубљана